Менаџерот на фудбалерите на Челзи, Томас Тухел, се обиде да ја објасни ситуацијата со напаѓачот, Ромелу Лукаку, кој полека ја губи довербата кај навивачите.
„Мислам дека е уморен и малку нервозен од патувањата. Ромелу има проблеми со интензивната тимска работа, не само физички туку и психички“- вели Тухел.
Медиумите започнаа со шпекулации дека црномурестиот играч сака да се врати во редовите на Интер.