Менаџерот на Челзи, Томас Тухел, пред дербито со Тотенхем, вели дека неговиот тим нема да има предност бидејќи „спарси“ се соочуваат со голем број на повредени фудбалери.
„Сините“ во дербито на северен Лондон в недела ќе гостуваат на стадионот Тотенхем а менаџерот на домаќините, Нуно Еспирито Санто не може да ги користи услугите на повредените: Хјун-Мин Сон, Ерик Даер, Рајан Сесењон, Лукас Моура и Стивен Бергвајн.
„Секогаш е тешко да се игра со Тотенхем. Имаат нов менаџер кој им носи енергија. Навивачите на мечот со Манчестер Сити направија одлична атмосфера“ – вели Тухел.