Фудбалерите на Челзи во наредниот периoд ќе бидат пред големи искушенија како во домашни така и во меѓународни рамки.
Тие ќе ги одиграат финалните мечеви во Лигата на шампините и во ФА Купот на Англија и воедно ќе се борат да завршат во Топ 4 во Премиер лигата. Тренерот на „сините“ Томас, Тухел, вели дека претстојат неколку возбудливи недел и дека програмата ќе биде максимално збиена.
„Ние имаме фантастични резултати во последниве три недели. Имаме големи цели. Време е да го направиме наредниот чекор и да ја завршиме сезоната на најдобар начин“ – потенцираше Тухел. .

