Фудбалерите на Челзи ќе гостуваат со два гола минус на теренот на Реал Мадрид во реваншот од 1 /4 финалната фаза во Лигата на шампионите.
Нивниот тренер, Томас Тухел по поразот од „кралевите“ на „Стемфорд Бриџ“ со 3 спрема 1, проценува дека „сините“ имаат минимални шанси да направат сензација на гостувањето на „Сантијаго Бернабе“ и да го елиминираат шпанскиот состав.
„Ќе се обидеме да го елиминираме Реал и да одиграме многу подобро од првиот меч. Мали се шансите, но, нема да се откажеме“ – беа зборовите на Тухел.