Менаџерот на Челзи, Томас Тухел, јавно се заблагодари за признанието – најдобар тренер во 2021 година во анкетата на ФИФА „The Best„.
Тој во претходната сезона ги однесе „сините“ до пехарот во Лигата на шампионите. Негови конкуренти беа Роберто Манчини, кој ја предводеше Италија до трофејот на ЕП 2020 и Џозеф Гвардиола, кој со Манчестер Сити ја освои титулата во Премиер лигата.
„Кога го отворија пликото и го прочитаа моето име, се чувствував надреално, се чувствував прилично непријатно.Уживам да работам во Челзи, опкружен сум со исклучителни луѓе“ – изјави Тухел.

