Тренерот на Париз Сен Жермен Томас Тухел не криеше дека бил многу разочаран по поразот од Рен во финалето од Купот на Франција, но и покрај тоа не смета дека лошо си ја врши својата работа. Поранешниот тренер на Борусија (Дортмунд) ги коментираше и изјавите пред медиумите на ѕвездата Нејмар, како и неговата неспортска постапка по дуелот во саботата.
„Во соблекувалната настана тишина. Не знам што си мислат играчите, ќе ги видам дури на утрешната тренингот. Зборовите на Нејмар? Свесен сум што сакаше да каже, но тоа треба да остане внатре во тимот, а не на прес-конференции. Во тимот се собрани фудбалери кои не сакаат да губат. Сакам да комуницирам со нив лично, а не преку медиумите. Меѓу Нејмар и Килијан Мбапе нема проблем”, категоричен беше Тухел.
„Треба да зборуваме едни со други, но она што ќе го кажеме не треба да излегува од соблекувалната. Можеме да тврдиме дека имаме различни мислења, но постои одговорност за организацијата во клубот, јас сум одговорен за составот. Мојата позиција е во опасност, јас не сум наивен, па еве и Јувентус веќе неколку години не е во можност да ја освои Лигата на шампионите, но тие не прават драми”, изјави Тухел.