Предводникот на ПСЖ, Томас Тухел изјави дека сеуште не разговарал со клубот за нов договор. Актуелниот договор на германскиот тренер истекува за осум месеци.
„Слушам критики. Имав некоја наивна идеја дека по четири титули и едно финале во ЛШ тие ќе престанат да ме напаѓаат. Досега немаше понуди за договор од клубот. После се што направив тука, сите опции ми се отворени, но во еден момент ќе мора да престанеш да сонуваш“, рече Тухел.
Минатата сезона, за прв пат во својата историја, Пари Сен Жермен се пласираше во финалето на Лигата на шампионите, каде што загуби од Баерн Минхен (0:1).

