Тренерот на Баерн, Томас Тухел , зборуваше за победата над Унион Берлин (1:0) во 18. коло од германскиот шампионат.
„Бевме вклучени во играта, одигравме добрро и дисциплинирано. Унион Берлин се бранеше многу длабоко. Не изведовме контранапади. Унион имаше шанса на самиот крај, но инаку бевме многу константни во играта. Ја контролиравме играта, но ни недостигаше втор гол за д аго затвориме натпреварот. Да постигневме уште еден погодок, можеше да следат уште неколку. Генерално, денеска прикажавме добра игра. Беше сосема поинаков настап отколку во неделата, кога Вердер Бремен имаше шанси за контранапади од самиот почеток“, изјави Тухел за официјалната веб-страница на клубот.
По 18 кола, Баерн е на второто место во Бундеслигата со 44 бодови. Баер Леверкузен е лидер во шампионатот (48 бодови).

