Тренерот на фудбалерите на ПСЖ, Томас Тухел, изрази разочарување бидејќи неколку добри првотимци го напуштија клубот пред крајот на сезоната.
Едисон Кавани, Томас Муниер и Танги Кваси си заминаа откако им истекоа договорите кон крајот на јуни. Францускиот шампион во текот на летово го очекуваат финалните мечеви во домашните Купови како и четврт-финалето во Лигата на шампионите против Аталанта.
„Тажен сум што загубивме тројца главни играчи за Лигата на шампионите. Тоа ги отежнува работите“ – потенцира тренерот на ПСЖ.