Селекторот на Англија, Томас Тухел, ја објасни својата одлука да го вклучи Маркус Рашфорд во својот состав за претстојните натпревари на Англија. Тухел го повика играчот на Манчестер Јунајтед, кој моментално е на позајмица во Барселона, за квалификациските натпревари против Андора и Србија.
Тухел нагласи дека брзината и напаѓачкиот стил на 27-годишниот напаѓач можат да ги „заплашат противниците“. Рашфорд се најде на списокот заедно со Ентони Гордон од Њукасл и Еберечи Езе од Арсенал, а Тухел предупреди дека конкуренцијата за место на Светското првенство во 2026 година е огромна.
„Мислам дека имаше многу добар камп. Работеше многу напорно за да ја покаже најдобрата верзија од себе. Беше во добра форма во Астон Вила во тоа време. Сакав да го охрабрам, да му дадам позитивен фидбек и затоа доби повик. Се снајде добро. Го пропушти вториот камп и сега направи голема промена со нова фудбалска култура, нова земја. Но, тој веќе започна натпревари за Барселона и сакав да го задржам тој моментум. Тоа е позиција каде што имаме тројца играчи. По долга дискусија решивме да ги земеме сите тројца – Езе, Ентони и Маркус. Маркус ни дава индивидуални квалитети во еден на еден, добро завршува со двете нозе, има брзина да ги исплаши противниците и да направи разлика. Од него зависи да го одржи тоа ниво“, рече Тухел.
Рашфорд не беше во составот на Англија за Евро 2024 под водство на Гарет Саутгејт, но Тухел е убеден дека напаѓачот останува дел од неговите планови. Младиот играч на Манчестер Јунајтед досега има два настапи за Барселона, но ќе треба да се етаблира во клубот ако сака да биде номиниран за Светското првенство во 2026 година. Англија се соочува со Андора на 6 септември и со Србија на 9 септември во квалификациите за Светското првенство. Пред тоа, Рашфорд би можел да настапи за Барселона кога ќе гостува на Рајо Ваљекано во Ла Лига во недела.

