Германскиот фудбалски стратег, Томас Тухел, кој освои седум бодови од можните девет откако го презеде кормилото на Челзи, вели дека неговите избраници сосема заслужено се израдуваа на победата на вчерашното дерби со Тотенхем во Премиер-лигата.
„Навистина екипата има потенцијал. Убаво е чувството да се работи со нив. Задоволен сум како се вклопив меѓу нив“ – потенцираше Тухел.
„Не се работи само за тактиката, се работи за начинот на кој игравме. Никогаш не ја загубивме вербата и храброста. Тоа е добитна комбинација“ – потенцираше тренерот на „сините“.

