Напаѓачите на Челзи, Ромелу Лукаку и Тимо Вернер, принудно беа заменети поради повреда на вчерашниот меч со Малме одигран во рамките на 3 коло во Лигата на шампионите.
Веднаш по натпреварот на „Стемфорд Бриџ“ кој им припадна на домаќините со убедливи 4 спрема 0, тренерот на „сините“, Томас Тухел, ја објаснил ситуацијата со Белгиецот и Германецот.
„Лукаку има проблем со зглобот додека Вернер има истегнување на мускулот. Двајцата ќе паузираат исвесен период, ќе мора да најдеме решение за проблемот“ – изјавил Тухел.

