Менаџерот на Челзи, Томас Тухел, откри дека најверојатно ќе го користи Каи Хаверц како централен напаѓач во отсуство на повредените Ромелу Лукаку и Тимо Вернер.
Германецот не откри колку долго двајцата ќе бидат надвор од игра, но рече дека сигурно нема да може да ги искористи во следните два натпревари. Претходно денеска се шпекулираше дека на Лукаку ќе му треба околу еден месец да се опорави од повредата на скочниот зглоб што ја заработи на натпреварот против Малме оваа недела.
„Нема големи вести за Ромелу и Тимо. Можам да кажам дека дефинитивно ќе го пропуштат утрешниот меч, како и оној со Саутемптон. Потоа ќе видиме до каде се. Нема смисла да се шпекулира колку долго ќе ги нема. Во отсуство на Ромелу, можеме да го користиме Каи како 9-ка. За мене ова нема да биде баш „лажна деветка“, бидејќи е многу силен кога игра на противничката одбранбена линија или зад неа, влегувајќи во шеснаесетникот. Тоа го покажа и против Малме. Претстојниот натпревар ќе биде различен, бидејќи Лукаку нема да биде на теренот, но сакаме иста моќ, да напаѓаме со ист број луѓе и да имаме шанси за гол “, изјави Томас Тухел.

