Тренерот на фудбалерите на Баерн Минхен, Томас Тухел, се осврна на исклучувањето на неговиот дефанзивец, Упамекано на мечот со Бохум во Бундеслигата.
„Сè уште не сум разговарал со него. Се разбира, тоа е крајно вознемирувачко. Планиравме тој да игра само 30 минути бидејќи беше единствениот што можеше да игра на позицијата десен бек“ – вели Тухел кој и покрај поразот ја има довербата на челниците на клубот.
„Тоа не беше удар во лице – тој само скокаше со широко отворени раце, но одлуката за пенал беше брзо донесена“ – потенцираше тренерот на Баварците кои полека се чини ја губат трката за титулата со Баер Левекузен.