Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Тухел призна дека Кристенсен е надвор од тимот поради новиот договор
    Фудбал

    Тухел призна дека Кристенсен е надвор од тимот поради новиот договор

    risteBy riste01/12/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Менаџерот на Челзи, Томас Тухел изјави дека Данецот Андреас Кристенсен останува надвор од стартниот состав поради неподготвеноста на дефанзивецот да го продолжи договорот со клубот. Кристенсен одигра 13 натпревари за Челзи од почетокот на сезоната, но не беше меѓу стартерите во ремито 1:1 со Барнли на 6 ноември. Актуелниот договор на данскиот репрезентативец истекува на крајот од сезоната.

    „Се надевам дека ова барем малку ќе влијае на ситуацијата околу неговиот договор“, изјави Тухел пред вечерашното гостување на лондончани кај Ватфорд во натпревар од 14. коло на Премиер лигата.

    „Долго чекавме потврда. Сега зависи од Андреас да дејствува надвор од теренот, како што го прави тоа на теренот. Пред неколку недели добив впечаток дека Андреас го сака истото како мене и клубот”, изјави Томас Тухел.

    „Тој вели дека го сака Челзи, дека сака да остане и да биде важен дел од тимот бидејќи навистина е важен дел од него. Мислам дека совршено се вклопува и дека не завршил со неговите достигнувања во Челзи“, додаде Тухел.

    Челзи е лидер во Премиер лигата со 30 бодови, а Ватфорд е 17-ти со 13 освоени бодови.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.