Тренерот на фудбалерите на Челзи, Томас Тухел, по вчерашниот пораз на домашен терен од Реал Мадрид со 3:1, вели дека неговиот тим останал без шанси да го продолжи патот кон завршницата во Лигата на шампионите.
Германецот нагласи дека фокусот мора да биде ставен на Саутемптон се со цел да се подобри играта бидејќи во спортивно ќе бидат понижени во реваншот во Мадрид.
„Сега треба да мислиме само на Саутемптон. Денеска одигравме едно од најлошите први полувремиња кои сум ги видел на Стемфорд Бриџ. Беше далеку од нашиот стандард“ – наведе тренерот на „сините“ по вчерашниот дуел во Англија.