Весникот – „Спорт Билд“, објави дека тренерот на Баерн (Минхен), Томас Тухел, сака да донесе уште неколку фудбалери до крајот на преодниот рок.
Според наведеното, Баварците ќе направат обид да го ангажираат Жоао Палиња од Фулам или евентуално Скот Мектоминеј од екипата на Манчестер Јунајтед.
28-годишниот Палиња претходно се поврзуваше со Ливерпул но, „црвените“ не испратија понуда. Португалецот претходно играше за Белененсе, Спортинг Лисабон и Брага.

