Тренерот на Челзи, Томас Тухел , зборуваше пред ждрепката за четвртфиналето во Лигата на шампионите.
„Сакам никој да не сака да игра со нас пред ждрепката. Токму во оваа улога се гледаме во 1/4 финалната фаза. Правејќи го ова, правиме голем чекор напред и затоа се бориме за топ 4 место во веројатно најсилната лига во светот денес и повторно стигнавме до четвртфиналната фаза од Лигата на шампионите. За да го направиме ова, треба да го покажеме нашиот максимум и сакаме да станеме тим што никој не сака да го добие како противник, а потоа ќе се види што ќе излезе“, изјави Тухел за официјалниот веб сајт на Челзи.
Во реваншот од 1/8 финалето лондончани го победија Лил со 2:1 и со вкупен резултат од 4:1 се пласираа во четвртфиналето.