До крајот на април ќе биде јасно кој ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен. Ова го изјави извршниот директор на „баварците“, Карл-Хајнц Румениге. Тој додаде дека Јуп Хејнкес сигурно нема да продолжи да ја води екипата следната сезона.
Шефот на Баерн, откри дека разговорите со Томас Тухел биле пропаднале и тој дефинитивно веќе не е кандидат за тренерското место во редовите на германскиот шампион.
„Ние сакаме тренер од германското говорно подрачје, а Јуп Хајнкес нема да го води тимот понатаму. Неговата желба е да работи само до крајот на сезоната. Нашиот спортски директор, Хасан Салихамиџиќ, зборуваше со неколку тренери, меѓу кои и Томас Тухел. Тухел ни рече дека потпишал со друг клуб“, потврдил Румениге.