Дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Лејвин Курзава повеќе не е трансферна цел на Челзи. 29-годишниот лев бек беше опција да го замени повредениот Бен Чилвел, но Томас Тухел одби да го привлече овој играч.
Курзава не е во плаовите на тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино и нема одиграно ниту еден официјален натпревар од август. Неговиот агент очајно бара нов тим, а се очекува кариерата да ја продолжи во Италија.
Претстојат преговори со Интер, Лацио и Наполи. Моментално единствениот лев бек на располагање на Тухел е Маркос Алонсо.

