Тренерот на ПСЖ Томас Тухел не беше особено задоволен од претставувањето на неговиот тим при нерешените 2:2 со Наполи во Лигата на Шампионите.
Тој има многу забелешки за своите играчи и рече дека неговиот тим треба да работи поактивно. Покрај тоа, Германецот рече дека никогаш не било лесно да се игра против италијанските ривали.
„Сметам дека почнавме добро во првите 15 минути, но потоа не знам зошто се тргне наопаку. Се обидувавме да правиме премногу сложени работи и лесно ја губевме топката. Играчите на Наполи се заедно веќе доста години и се многу добро подготвени тактички. Тие се класа тим и се тежок ривал. Тие заслужено поведоа, потоа ние сменивме некои работи во играта и почнавме да дејствуваме поедноставно и побрзо. Успеавме да израмниме, но потоа Наполи постигна случаен гол преку Мертенс. Тешко беше да реагираме на оваа ситуација, но успеавме и покрај тоа што не мозажам дасватам зошто не можеме да држиме едно ниво во играта во текот на целиот натпревар. Мора да работиме на тој план. Во првите 30 минути не игравме како тим“, изјави Томас Тухел.