Откако Енголо Канте и Рубен Лофтус-Чик мораа да ги пропуштат подготовките во САД бидејќи не се вакцинирани против Ковид-19, тренерот на фудбалер Челзи, Томас Тухел, изјави дека во иднина ќе размисли дали ќе има во тимот играчи кои не се вакцинирани.
„Ако не сте вакцинирани се соочувате со многу пречки. Мислам дека такви проблеми не ни требаат“ – вели Германецот.
„Енголо и Рубен тренираат одвоено од тимот и не можеме да ги присилиме да се вакцинираат. Но, ќе им биде тешко во почетокот на сезоната“ – потенцира тренерот на „сините“.

