Фудбалерите на Челзи вчераа ја елиминираа Астон Вила во осминафиналето на Карабао Лига Купот а тренерот на „сините“, Томас Тухел, изјави, дека нема намера да тактизира во ниту една конкуренција алудирајќи на мотивот за победа и ротациите во тимот.
„Премиер лигата или Лигата на шампионите, не се пред другите натпреварувања. Ние сакаме да имаме победнички менталитет за секоја средба“- изјави Тухел.
Лондончани во наредната рунда во Купот на Англија ќе играат на домашен терен против Саутемптон.