Менаџерот на Челзи, Томас Тухел, по победата над Тотенхем во полуфиналето на англискиот Лига куп, го коментираше фактот дека неговиот тим шеста сезона по ред ќе игра во финалето на еден од турнирите на стадионот „Вембли“.
„Ова е големо достигнување и не треба да се срамиме да кажеме дека сакаме да стигнеме до финалето и да победиме. Сепак, не треба да бидеме премногу самоуверени и да очекуваме победи на секој турнир на кој учествуваме. Уживаме во можноста да играме за клуб со такви амбиции. Ова е долгорочен процес и мора постојано да работиме на себе“, изјави Тухел.
Синоќа во реванш полуфиналето на англискиот Лига куп, Челзи победи со 1:0 и со вкупни 3-0 го елиминираше Тотенхем.

