Предводникот на ПСЖ, Томас Тухел немаше логично објаснување за поразот од Манчестер Јунајтед со 1:3 и елиминацијата на неговиот тим од Лигата на шампионите и то аво оваа 1/8 финална фаза.
Според него, овој резултат е необјаснив со оглед на тоа што покажаа двата тима и тој воопшто не верувал во играта што гостите ќе ја одиграат и ќе ги направи како конечни победници.
„Лесно е да се објасни што се случи: Примивме два гола по две наши грешки во првата половина од натпреварот. Целосно го контролиравме натпреварот во првите 30 минути. Ние покажавме класа, психологија и добар одговор по првиот подарок кој противникот го претвори во гол. Создадовме многу шанси, а во исто време Манчестер беше без никакви шанси, а сепак ни дадоа уште еден гол. Тогаш сите си рекоа: „Тие постигнаа два гола без да нè нападнат”. Ние го контролиравме натпреварот и тоа беше необјаснив резултат. Вториот гол целосно го сврте текот на играта. Во второто полувреме Јунајтед немаше ниту една шанса и почувствував дека не можат да не победат. Тие го направија спротивното, затоа ги поздравувам, но … Не знам дали сезоната е завршена. Дали навистина очекувате да добиете подобар одговор само неколку минути по завршувањето на натпреварот? Во овој момент можам само да ги заштитам моите играчи, тоа е тоа”, изјави Тухел.
Од него беше побарано да го коментира пеналот за Манчестер Јунајтед, со што гостите го постигнаа последниот и решавачки трет гол на крајот од натпреварот.
„Да, јас сум за ВАР. Но, јас не мислам дека ударот не одеше кон голот и немаше причина да се досуди пенал. Мислам дека има потреба правилото за игра со рака да биде појасно. Сега судијата може да ја протолкува ситуацијата по свое видување, бидејќи правилото не е доволно јасно напишано”, смета Тухел.