Менаџерот на Челзи, Томас Тухел, призна за сериозната неизвесност околу лондончани во овој момент, што ги погодува и играчите на клубот. Сè позабележително е во Велика Британија, растат најавите за бркање на Роман Абрамович од сопственичката структура на Челзи.
„Не смееме да се правиме дека тоа не е проблем. Ситуацијата е страшна. Никој не го очекуваше ова што се случува, тоа е нереално. Ова ја замаглува возбудата на натпреварот и носи голема неизвесност, но многу повеќе е за луѓето кои се директно инволвирани, па им испраќаме најдобри желби. Околу нашиот клуб владее голема неизвесност, во Обединетото Кралство кружат секакви сценарија. Свесни сме за ова, но немаме внатрешни информации колку точно е вклучен нашиот сопственик во сето ова“, рече Тухел.