Тренерот на фудбалерите на Челзи, Томас Тухел, ја искоментира ситуација со рускиот милионер, Роман Абрамович, кој по целата ситуација на релација Русија-Украина, се повлече од англсикиот состав.
„Мислам дека ништо нема да се менува на дневна основа. Јас така го разбирам тоа. Во близок контакт сум со Марина Грановскаја и Петр Чех кои го водат првиот тим“ -порача Тухел.
„Сините“ доцна синоќа го загубија финалето на Лига Купот на Англија откако на легендарниот – „Вембли“ беа совладани од Ливерпул по изведувањето на пенали.