По сензацијата која ја направи Саудиска Арабија и Тунис не се предаде против Данска и извлече реми – 0:0.
Тунижаните одлично се преставија во дуелот со полуфиналистите на последното Европско првенство и селекцијата која беше означена како „фаворит во сенка“и целосно заслужи да освои бод. „Директниот фудбал“ на Данска денеска не функционираше, а Тунис тактички беше беспрекорен.
Данците можеа да добијат пенал во 93. минута за игра со рака, но судијата Рамос беше повикан од ВАР-собата, ја разгледа ситуацијата и оцени дека не се работи за пенал.
Во оваа група вечерва од 20 часот се среќаваат светскиот првак Франција и Австралија.