Поранешниот турски репрезентативец, Арда Туран, ќе се повлече од теренот и ќе се активира во раководните гарнитури на Галатасарај.
Тој во последната сезона забележа само 12 мечеви и 1 асистенција за „жолто-црните“. Туран имаше забележителни моменти во Примера Дивизион додека ги носеше дресовите на Атлетико Мадрид и на Барселона.
Најголемиот успех со турската репрезентација го постигна на Континенталниот собир во 2008 година кога се израдува на бронзениот медал.

