Фудбалерот на Интер, Хакан Чалханоглу, вчера постигна два гола на натпреварот со Торино и се проби на втората позиција на листата на стрелците кај „нероаѕурите“ кога станува збор само за играчите од средниот ред.
Тој сега има 13-ет голови во тековново првенство во Серија А. Рекордот му припаѓа на Лотар Матеус кој постигна 16 голови во сезоната 1990/91.
Чалханоглу ќе има можност да атакува на рекордот на Германецот во завршните 4 кола во италијанскиот шампионат.

