Турската фудбалска федерација соопшти дека од ноември ќе дозволи враќање на фановите на стадионите со тоа што ќе може да се искористи максимум 30 проценти од капацитетот на објектот.
Токму таква одлука донесе и УЕФА за Супер-купот на Европа меѓу Баерн Минхен и Севилја.
Носењето на заштитни маски и држење на социјална дистанце ќе биде задолжително за навивачите.

