Репрезентацијата на Турција откако ја елиминираше Австрија во 1/8 финалето на ЕП 2024 со 2:1 во регуларното време се пласираше во четвртвиналето, но интересно е тоа што турската репрезентација за првпат во историјата победи во натпревар од елиминациската фаза во регуларното време.
Турскиот тим пред овој натпревар победи во елиминациите против Хрватска во 1/8-финалето на ЕП во 2008 година.
Тогаш турскиот тим го совлада противникот со резултат 1:1, (3:1 пенали).Турција во четвртфиналето ќе игра против селекцијата на Холандија.

