Турските медиуми најавуваат дека фудбалерот на Борусија Дортмунд, Себастијан Алер, може да се пресели во Бешикташ.
Наводно двете стрaни ги имале првичните разговори откако претходно „милионерите“ се согласиле да се разделат со црномурестиот играч.
Алер во последната сезона одигра 19 натпревари и успеа да постигне три гола. Според одредени проценки, неговата вредност на трансфер-пазарот е околу 10 милиони евра.