Фудбалерот од средниот ред на Галатасарај, Керем Актуркоглу по поразот од Барселона и елиминацијата во 1/8-финалето на Лигата на Европа вели дека навивачите можат да бидат задоволни од настапот на двата меча.
„Почнавме многу добро, постигнавме гол. Одигравме уште поентузијастички благодарение на поддршката од нашите навивачи. Мислам дека и во двата случаи при примените голови едноставно немавме среќа. Се боревме, прикажавме фудбал многу подобар отколку што се очекуваше од нас и колку што беше можно против Барселона во Лига Европа. Каталонците го почувствуваа притисокот“, вели Актуркоглу.