Турскиот клуб Хатајспор постигна договор со играчот од средниот ред на Вердер Бремен, Наби Кеита, објавија турските медиуми. Договорот се очекува да биде финализиран денеска кога ќе се затвори преодниот рок од турската Суперлига.
Поранешниот играч на Ливерпул не се вклопува во плановите на тренерот на Вердер Бремен, Оле Вернер и слободно може да си замине. Кеита нема одиграно ниту еден натпревар за тимот од почетокот на сезоната. На крајот од минатата сезона тој се вклучи во сериозен скандал, по што беше отстранет од тимот. Играч од Мали одби да отпатува на гостувањето кај Баер Леверкузен откако увиде дека нема да го започне натпреварот.
Тој му се приклучи на Вердер минатото лето со слободен трансфер од „Енфилд“, но не успеа да се наметне во тимот, забележа само пет настапи.
Наби Кеита пет години играше за Ливерпул. Пред тоа беше дел од РБ Лајпциг и Салцбург. 29-годишниот фудбалер има 56 натпревари и 11 гола за репрезентацијата на Мали.

