Нашиот фудбалски првак, Струга Трим Лум, условно доби атрактивен противник во второто коло во елиминациите за Лигата на шампионите.
Стружани доколку ја скокнат првата пречка од Литванија, Жалгирис, ќе одат на мегдан со турскиот гигант, Галатасарај. Македонскиот тим треба да биде домаќин на првиот меч на 25/26 јули додека реваншот би се одиграл на 1/2 август во Истанбул.
Галатасарај кој е речиси редовен учесник во Лигата на шампионите има 22 титули од Турската супер лига.