Фудбалскиот клуб Тиквеш од Кавадарци повторно ќе биде под капата на Општина Кавадарци, затоа што спонзорот од Турција не ги исполнил обврските кои требаше. Играчите некое време минуваа низ турбуленции, тоа се одрази на резултатите, па затоа градоначалникот Митко Јанчев решил да реагира.
Спонзорот на клубот кој доаѓаше од Турција беше обврзан најдоцна до среда (17.09.2025 година) да ги исполни ветувањата со обезбедување на договорените финансиски средства.
Беше најавено дека во спротивно, градоначалникот Митко Јанчев, Општината Кавадарци и бизнис-заедницата од градот, повторно ќе го преземат целосното сопствеништво на клубот и ќе продолжат да го водат и во иднина.
Инвеститорот не си ја заврши работата, си заминаа и дел од раководните лица на директорските позиции, па затоа Тиквеш од денес е повторно под капата на Општина Кавадарци. Кавардарчани ја започнаа сезоната со големи амбиции, создадоа добар тим, но главниот спонзор од Турција неочекувано се повлече од водењето на тимот.
Photo: fktikves

