Дефанзивниот играч на Лион, Лука Тусар, е нов фудбалер на германскиот бундеслигаш Херта, потврдија медиумите во Франција.
Берлинскиот клуб за 22-годишниот бек кој може да игра и во средината на дефанзивната линија, плати големи 25 милиони евра. Според договорот на двата клуба, Тусар ќе остане да игра како позајман фудбалерот на Лион до крајот на сезоната а дури потоа ќе се врати во Херта.
Младинскиот репрезентативец на Франција во август во 2015 година дебитираше за „лавовите“.