Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»У21: Канатларовски го објави списокот за турнирот во Хрватска
    Фудбал

    У21: Канатларовски го објави списокот за турнирот во Хрватска

    sasoBy saso09/09/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година во периодот од 21 до 26 септември ќе учествува на контролен турнир што ќе се одржи во Свети Мартин на Мура, Хрватска. Покрај нашата селекција, учество ќе земат и репрезентациите на Албанија, Саудиска Арабија и домаќинот Хрватска.

    Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Драги Канатларовски за претстојниот турнир во Хрватска се одлучи да ги повика следните фудбалери:

    Голмани: Марко Алчевски (Академија Пандев), Иван Николовски (Воска Спорт), Александар Ангелкоски (Тетекс);

    Одбрана: Антонио Јанкулоски (Вастра Фролунда, Шведска), Аган Мјаки (Гронинген, Холандија), Стефан Деспотовси (Штурм, Австрија), Андреј Стојчевски (Жилина, Словачка), Мартин Величковиќ Радуловиќ (Слован Братислава, Словачка), Решат Рамадани (Шкендија), Виктор Крстевски (Гостивар), Кристијан Тасевски (Аугсбург);

    Среден ред: Алекс Златков (Шкупи), Иван Николов (Брегалница), Хамза Рамани (Победа), Димитар Тодоровски (Работнички), Лука Станковски (Газиантеп, Турција), Ване Крстевски (Академија Пандев), Леонид Игнатов (Скопје), Берат Калкан (Касимпаша, Турција), Бехар Фета (Воска Спорт), Арда Окан Куртулан (Адана, Турција);

    Напад: Марио Илиевски (Кишварда,Унгарија), Луан Абази (Вил, Швајцарија), Методи Максимов (Работнички);

    Во составот за натпреварите во Хрватска не е повикан фудбалерот на Шкендија, Дашмир Елези поради повикот во селекцијата до 19 години што ја предводи Неџат Шабани. Селекцијата до 19 години против Кипар ја има последната контролна средба пред квалификацискиот турнир за Елитна фаза за ЕП.

    Првиот натпревар на турнирот во Хрватска го играме против Албанија на 23 септември. На 26 септември дополнително ќе биде утврдено која од селекциите, Хрватска или Саудиска Арабија ќе биде нашиот следен противник.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Родригез сакал слава а не пари

    05/12/2023

    Наполи ги „собра“ наградите

    05/12/2023

    Сон е првиот играч кој постигнал гол против четири различни актуелни англиски шампиони

    04/12/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Јокиќ и Тејтум ги добија признанијата за ноември
    • Родригез сакал слава а не пари
    • Наполи ги „собра“ наградите
    • Сон е првиот играч кој постигнал гол против четири различни актуелни англиски шампиони
    • Феликс: „Прославувањето на голот против Атлетико беше олеснување по она што го поминав летово“
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.