Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»У21: Канатларовски со дополителен повик за Николов и Тодоровски
    Фудбал

    У21: Канатларовски со дополителен повик за Николов и Тодоровски

    sasoBy saso04/10/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската репрезентација до 21 година ги започна подготовките за октомвриските квалификациски натпревари за пласман на Европско првенство 2023. Нашата селекција на 7. октомври игра против Фарски Острови во Клаксвик, а четири дена подоцна гостуваме во Ереван против Ерменија.

    Селекторот на репрезентацијата, Драги Канатларовски се соочува со низа проблеми поради неиграњето на неколку стандардни првотимци. Метју Божиновски и Стефан Чолаковски поради административни Ковид-19 протоколи и ограничувања не беа во можност да допатуваат од Австралија. Поради повреда отпаднаа Агон Елези и Енис Фазлагиќ.

    Селекторот Канатларовски прати дополнителен повик за Иван Николов од Вардар и Димитар Тодоровски од Работнички. Двајцата веќе се приклучија на репрезентативниот тим.

    „Не очекуваат две тешки гостувања против Фарски Острови и Ерменија. Ќе дадеме се од себе за да ја оствариме зацртаната цел, а тоа е освојување на максимални шест бода од двата натпревари. Против Франција и Србија очекувавме повеќе, посебно на резултатски план, но освоивме само еден бод. Се надевам дека сега нема да ги повториме грешките од претходните средби и ќе ги оствариме првите две победи во квалификацискиот циклус. Имаме одличен тимски дух, сите сме подготвени да дадеме се од себе за дресот на Македонија“.

    Напаѓачот во младата репрезентација и член на Шкупи, Марко Ѓорѓиевски се надева дека нашата репрезентација ќе ја оправда фаворитската улога на двете гостински средби.

    – „Фаворити сме на двата натпревари, но тоа не мора да значи апсолутно ништо. Видовме дека една Франција не успеа да слави победа против Фарски Острови. Се работи за репрезентација која игра добар фудбал, посебно на домашен терен. Нашата цел е јасна, а тоа остварување на победа на двете средби. Имаме неколку нови играчи на овој собир, со оглед на тоа што имаме неколку клучни фудбалери што се повредени. Селекторот има јасни идеи, ги презентираше уште на првиот собир, верува многу во потенцијалот кој го има оваа селекција. Функционираме одлично со него, ги слушаме советите и инструкциите што ни ги дава, имаме тешка група, но чекор по чекор можеме да се надеваме на позитивни резултати и остарување на добар пласман“.

    Репрезентацијата на Македонија предводена од селекторот Драги Канатларовски во воведните две кола од квалификацискиот циклус загуби од фаворитот Франција со 3:0 и одигра нерешено без голови против Србија на домашен терен.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот

    29/09/2023

    ФК Вардар: Постои потенцијален инвеститор, но државата не реагира на нашите барања

    29/09/2023

    Стив Брус ќе биде нов селектор на Р. Ирска?

    29/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот
    • ФК Вардар: Постои потенцијален инвеститор, но државата не реагира на нашите барања
    • Рустемовски освои бронза на Балканското првенство
    • Стив Брус ќе биде нов селектор на Р. Ирска?
    • Мурињо: Ова е најлош почеток на една сезона во мојата кариера
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.