Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година откако забележа победа од 3:1 против соодветната селекција на Албанија во првиот натпревар на силниот меѓународен турнир што се одржува во Свети Мартин на Мур, денеска против Саудиска Арабија ќе го одигра и вториот меч.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски одиграа одличен натпревар против Албанија, а добрата партија треба да ја потврдат денеска против силната селекција на С. Арабија која во првиот меч одигра нерешено со Хрватска (1:1).
Натпреварот денеска е закажан од 15:30 часот.