Македонската фудбалска репрезентација до 21 година славеше со 2:1 на квалификацискиот меч против Ерменија во Ереван во рамките на квалификациите за ЕП 2023.
Момците на Драги Канатларовски ја остварија првата победа во квалификациите и ги освоија првите три бода.
Марко Ѓоргиевски и Методи Максимов беа стрелци на головите за нашата селекција, која водеше на полувреме со 1:0, а во 84. минута веќе беше и 2:0. Ерменците во 90. минута постигнаа почесен погодок.
Македонија дојде до 5 освоени бода и пласман на 3. место во групата.