Младата фудбалска репрезентација на Македонија денеска од 13 часот на теренот на ФФМ ја пречекува Украина во ново коло од циклусот квалификации за ЕП 2023. Избраниците на селекторот Драган Канатларовски ќе се обидат на домашен терен да ја остварат втората победа во квалификациите, по онаа над Ерменија во минатото коло.
Македонија го почна циклусот со две ремија со Србија и Фраските Острови и пораз против големиот фаворит во групата, Франција. Оваа генерација, сепак, ветува дека има капацитет и за подобри резултати, само тоа треба да се потврди и на теренот.
Канатларовски и неговите момци и пред мечот најавија борба цели 90 минути за добар резултат. Денеска во нашата фрупа фаворитот Франција ја пречекува Ерменија.