Шпанската полиција утрово објави дека уапсила четворица навивачите на Атлетико кои обесија куклата со ликот на Винисиус Јуниор на еден од мостовите во Мадрид.
На 26 јануари оваа година на еден од мостовите во Мадрид пред натпреварот меѓу Реал Мадрид и Атлетико (М) се појави транспарент со текст „Мадрид го мрази Реал Мадрид “ , а до него беше обесена кукла во дресот на Винисиус Жуниор од Реал Мадрид со бројот 20.
Шпанската полиција најави апсење на четворица осомничени за организирање на оваа акција.