Лидерот во Серија А, Наполи, претрпе тежок удар за шампионските амбиции, откако клубот денеска објави дека нема да може да се потпира на својот голгетер Виктор Осимен во следните три месеци.
Нигериецот утрово беше опериран од проф.Тартаро откако се здоби со повеќекратни скршеници на коските на лицето на натпреварот од 13. коло на италијанското првенство со Интер (2:3). Се предвидува дека периодот на опоравување ќе трае околу 90 дена.
Тоа автоматски значи дека Осимен ќе го пропушти Африканскиот куп на нации кој ќе се одржи во јануари следната година. Виктор Осимен со девет гола досега е најдобар стрелец на Наполи оваа сезона.