Удинезе го објави ангажманот на Пабло Мари од Арсенал. Дефанзивецот до лето ќе настапува како позајмен играч во италијанскиот тим, а зделката не вклучува опција за откуп.
28-годишниот Шпанец не е меѓу играчите на кои смета Микел Артета и има само 2 натпревари во Премиер лигата од почетокот на сезоната. Од друга страна, Удинезе се наоѓа на 14. место во Серија А.
Пабло Мари е поранешен играч на Манчестер Сити, но не успеа да се пробие таму. Арсенал го привлече од Фламенго пред точно две години – првично на позајмица, а потоа го купи за 6 милиони евра.

