Италијанскиот прволигаш Удинезе објави дека тренерот на тимот, Масимо Одо, бил отпуштен.
Италијанскиот стручњак има 13 последователни порази на чело на оваа екипа во серијата А, што го принудило клубот да го прекине договорот со својот тренер. Од Удинезе му се заблагодарија на Одо за времето поминато во клубот со официјална изјава објавена на официјалниот сајт на тимот.
Поранешниот фудбалер на Милан го презеде Удинезе во ноември минатата година, заменувајќи го Луиџи Дел Нери на клупата на тимот од „Фриули“.