Мечот меѓу Струга Трим Лум – Бреидаблик во последниото коло пред групната фаза во Конференциската лига ќе се игра на 24-ти август во Охрид.
Иако имаше најави дека средбата ќе се игра во албанскиот град Елбасан, бидејќи арената „Тодор Проески“ е затворена, сепак УЕФА дозволи да се игра на теренот – „Билјанини извори“, иако не се исполнети критериумите.
Сатницата допрва ќе биде одредена.