Европската фудбалска асоцијации (УЕФА) објави почеток на продажба на билети за финалето во Лигата на Европа. Натпреварот ќе се одигра на 26 мај во Гдањск.
„Полските власти и потврдија на УЕФА дека стадионот во Гдањск ќе може да присуствуваат 25% од вкупниот капацитет, односно 9.500 гледачи. Двата клуба кои се пласираа во финалето ќе добијат по 2.000 билети. Други 2.000 ќе бидат пуштени во продажба на веб-страницата на УЕФА за пошироката јавност. Останатите билети се резервирани за локалниот организациски комитет, УЕФА и националните здруженија и комерцијалните партнери“, се вели во соопштението на УЕФА.
Победниците од натпреварите меѓу Арсенал – Виљареал, односно Манчестер Јунајтед – Рома ќе се сретнат во финалето на Лигата на Европа.
Поради пандемијата на коронавирусот, оваа сезона навивачите не беа присутни на претходните натпревари во Лигата на Европа.