Познати се претендентите за титулата за стрелец на најубавиот гол во 1.коло од групната фаза на ЕП 2024 година. Ова го објави официјалниот сајт на УЕФА.
Може да се гласа за еден од четирите постигнати голови, чии автори беа:
1. Арда Ѓулер (Турција) во мечот со Грузија (3:1).
2. Николо Барела (Италија) на мечот со Албанија (2:1).
3. Мерт Мулдур (Турција) во мечот со Грузија (3:1).
4. Николае Станчиу (Романија) на мечот со Украина (3:0).
Денеска официјално веќе стартуваат натпреварите од 2.коло од групната фаза.